Горивата поскапуваат за еден денар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57, односно за 1,71 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 69,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,539 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,906 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,54 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,44 отсто повисокиот крус на доларот во однос на денарот.