Горан Трајановски назначен за нов оперативен директор на „Македонски Телеком“


Управниот одбор на „Македонски Телеком“ го назначи Горан Трајановски за главен оперативен директор на друштвото. Трајановски, кој е кадар на СДСМ, ќе ја преземе функцијата од 15 декември. Тој беше советник за телекомуникации и информатика во МВР во периодот додека Оливер Спасовски ја вршеше функцијата технички министер.

Трајановски влезе во одборот на директори на „Македонски Телеком“ во септември годинава токму по предлог на Владата. Назим Буши кој до сега ја вршеше функцијата главен оперативен директор е прераспределен на позицијата претседател на Одборот на директори. За негов заменик е назначен Сашо Велевски.

Во бордот на Телеком, од јануари идната година влегува и адвокатот Мирослав Вујиќ на местото на Анета Симеска Димоска, која е отповикана од функцијата. Во септември, по предлог на Владата, во Одборот на директори беа избрани и Замир Мехмети и Дивна Ефтимовска.