Гламурозна розова забава за бебето на Клои Кардашијан


САД-Клои Кардашијан (33)  е во 8-иот месец од бременоста и викендов заедно со најблиските го прослави доаѓањето на ќеркичката, која верува дека ќе биде најдобра другарка со ќерките на сестра и Ким- Чикаго и Сторми.

Забавата беше обоена во розово, со многу балони, цвеќиња, слатки работи, декорации и стилски аутфити.

Забавата се одржа во хотелот „Бел-ер“ во Лос Анџелес, а голем дел од фотките, идната мајка ги објави на Инстаграм.