В четврток во Скопје слетува „Ејџиан ерлајнс“ од Атина

Од Скопскиот аеродром повторно почнува да лета грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, по повеќегодишна пауза. На први ноември, в четврток, на меѓународниот аеродром „Скопје“ е најавено слетување на авион на „Ејџиан“ во 18:55 часот, кој од Атина треба да полета во 18,40 часот.

„ТАВ Македонија“, концесионерот на македонските аеродроми, информираше дека новата авиолинија меѓу Скопје и Атина, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализира двапати неделно, во четврток и во вторник.

Грчкиот авиопревозник планира да ја одржува линијата преку компанијата „Олимпик ер“, со авион „бомбардиер“ со 78 седишта – „даш 8“.

Договор за редовен воздушен сообраќај Македонија-Грција од 1999

Средба на македонските и грчките воздухопловни власти во Скопје, во Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба, во 1999 година

Македонија и Грција имаат билатерален договор за редовен воздушен сообраќај од 1999 година. Договорот е парафиран во Солун, македонскиот тим го раководеше тогашниот директор на Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба Ѓорги Чачкиров, а присуствуваше и тогашниот министер за транспорт и врски Боби Спирковски.

(А.С.)