Во Собранието има јавна расправа за за следење на комуникациите и за ОТА

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска организира јавна расправа по Предлогот на закон за следење на комуникациите и Предлогот на закон за Оперативно-техничка агенција.

Овие закони се еден од трите столба во реформскиот процес, кој го спроведува Владата во насока на исполнување на препораките на Прибе, заедно со реформите во правосудството и администрацијата.

Се предвидува ОТА да почне со работа од ноември 2018 година, а дотогаш од 1 јуни за заштитата на приватноста на граѓаните и за спречување на евентуални злоупотреби веќе се грижи специјален подофицер, со свој тим.

На јавната расправа се очекува да присуствуваат претставници на повеќе организации и институции.