Во октомври 78,2 отсто од потрошената струја од домашни извори

Македонија во октомври годинава вкупно потрошила 591.053 мегават часови електрична енергија, 24.647 милиони нормални кубни метри природен гас, 445.569 тони јаглен и 86.648 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 78,2 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 94,3 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен е употребено за производство на струја.