Во Гевгелија се отвора првата депонија со европски стандарди

Во Гевгелија денеска ќе биде пуштена во употреба новата санитарна депонија лоцира во село Ново Коњско. Изградбата на депонијата е во вредност од 980.000 американски долари и е финансирана од Јапонија, а проектот го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Ова е првата депонија во Македонија која целосно ги исполнува стандардите на Европската унија. Со нејзиното пуштање во употреба, ќе се затворат сите нелегални депонии лоцирани на бреговите на Вардар. Во иднина ќе биде дел од поголем регионален систем на складирање на отпадот.

На свеченото предавање на новата санитарна депонија на општина Гевгелија ќе присуствуваат  јапонскиот амбасадор Кеико Ханеда, постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

 Фото: Б. Грданоски