Во Велешко просечната цена на тутунот 210 денари

Просечната откупна цена на тутунот во Велешко изнесува 210 денари за килограм, информираат за МИА од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Родот се предава во три откупни претпријатија со кои претходно тутунопроизводителите, вкупно 1.200, склучиле договори.

Фирмата „Соко Таб“ има откупни пунктови во Велес, Иванковци,Чашка и Лозово, додека „Алијанса“ од Кавадарци има пунктови во Иванковци,Башино Село,Чашка, Горно Оризари и Лозово.

Во Велешко годинава првпат откупува тутун и грчката компанија „Секе“, на два пункта: во Населбата Превалец и во Лозово.