Воспитувачка удрила шестгодишно дете во градинка во Скопје


Во полициската станица Аеродром Е.Г. (36) од Скопје вчера пријавила дека нејзиниот шестгодишен син откако го зела од градинка забележала дека на десниот образ има оток. Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ.

Мајката за настанот веднаш го известила директорот на градинката, кој и рекол случајот да го пријави во полиција.

– Е.Г. го однела синот во здравствена установа, каде од страна на лекар и била издадена лекарска потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.