ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица во мај

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски најави континуирани опозициски протести, кои би почнале во мај, а би траеле, како што рече, се до следните парламентарни избори.

Во разговор за ТВ Алфа, Мицкоски истакна дека околу периодот на месец мај месец ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со протести по улиците низ Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да се врати додека не победи на следните предвремени парламентарни избори, а се со цел заштита на националните и државни интереси на Македонија, нагласи Мицкоски.

Опозициската партија, според него, се реконструира многу внимателн и нема да дозволи да биде испровоцирана на непредвидени чекори.

– ВМРО-ДПМНЕ за многу краток период ќе се реорганизира, ќе застане цврсто на нозе и ќе тргне во одлучувачки поход кон уривање на оваа ненародна власт предводена од Зоран Заев, а поддржана од Талат Џафери,се до моментот додека немаме предвремени избори, изјави Мицкоски.

Според него, СДСМ се обидува да ја испровоцира опозицијата да направи непромислен чекор, така што, како што рече, целта е ВМРО-ДПМНЕ да се обвини за Законот за јазици, за преговорите за името и за, како што оцени, сите неуспеси на владата.