ВМРО-ДПМНЕ: Заев за само три недели нѐ задолжи со 600 милиони евра

Владата на Зоран Заев за само три недели ја задолжи Македонија за 600 милиони евра. На сила се турка неуставен закон за двојазичност, а од јавноста се крие што се договора за името на државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Демократија нема, а судовите политички и без никаква основа во притвор држат патриоти. Видни актери, уметници, режисери, архитекти, доктори и истакнати граѓани се прогласени за терористи. Судот делува како продолжена рака на СДСМ и му помага на Заев во политичката хајка против лица кои никогаш не сториле ниту прекршок, а не пак терористички акт. Државата нема да тргне ни чекор напред кон ЕУ и НАТО сѐ додека не се почитуваат елементарните права на човекот“, соопштија од партијата.