Владата реши: Повисоки даноци за повисоки плати

Граѓаните со високи плати од јануари идната година ќе одвојуваат повеќе пари од бруто платата за придонеси. Владата на вчерашната седница одлучи највисоката месечна основица за пресметка на придонесите да ја помести од 12 на 16 просечни плати.

Тоа значи дека оние чија месечна плата изнесува 16 или повеќе просечни плати, што во моментов изнесува околу 367.000 денари, ќе плаќаат придонеси на оваа сума. Оваа граница во моментов изнесува 275.000 денари што значи дека оваа измена ќе удри по џебот на оние што земаат плата над оваа сума. На овој начин, вработените со високи плати ќе придонесуваат повеќе во фондовите за пензиско и за здравствено осигурување. Оваа мерка беше најавена во владината програма.