Вицепремиерот Османи на министерски состанок во Букурешт
Тема на состанокот ќе бидат перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, како значен дел во создавањето на европската иднина, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.
Состанокот се одржува во рамки на Романското претседателство, како генерална подготовка пред големиот Самит посветен на иднината на Европа, кој ќе се одржи во Сибиу, Романија на 9 – ти мај годинава.
Фото: Б. Грданоски