Висар Вишка потврди, ќе биде советник во министерство за култура


Актерот Висар Вишка ќе биде дел од новиот кабинет на министерот за култура Асаф Адеми. Информацијата за „Независен весник“ ја потврди лично актерот. Тој ќе биде советник на новиот министер, но подетално не кажа кои ќе бидат неговите надлежности.

Асаф Адеми вчера ја презеде функцијата министер за култура од неговиот претходник Роберт Алаѓозовски.