(ВИДЕО) Средбата на Заев и Ципрас во Давос

Започна средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос. Дали по неа ќе има изјава, ќе решат дополнително лидерите. На неа, според снимката учествуваат и шефовите на дипломатиите на двете земји Никос Коѕиас и Никола Димитров. На лицето на Ципрас видлива е срдечност иако со Заев се среќава првпат, додека кај македонскиот премиер повидлива е нервозата, веројатно од големите очекувања од средбата.