(ВИДЕО) Сирија соборила најмалку 100 ракети кои биле насочени кон цивилни и воени цели


Поголемиот дел од ракетите испукани од страна на Велика Британија, САД и Франција беа пресретнати од сириските системи за воздушна одбрана, соопшти руското Министерство за одбрана. Руските воздухопловни единици не биле вклучени во одбивањето на нападот.

Војниците и бродовите на САД и нејзините сојузници лансираа над 100 крстосувачки ракети и проектили на сириските цивилни и воени објекти, објави Министерството.

Нападите беа изведени од два американски брода стационирани во Црвеното Море, со тактичка воздушна поддршка од Медитеранот и бомбардерите „роквел Б-1“ од коалициската база Ал-Танф во провинцијата Хомс во Сирија, се вели во соопштението од руското министерство.

Сирискиот воен аеродром Ал-Думајр, кој се наоѓа на 40 километри североисточно од Дамаск, беше нападнат од 12 крстосувачки ракети, потврди руското Министерство за одбрана додавајќи дека сите проектили биле пресретнати од сириските системи за воздушна одбрана.

Од руското министерство велат дека руски сили не биле вклучени во акциите за одбивање на нападот.