(ВИДЕО) Осуммина повредени при експлозијата во Скадар


Осум лица се ранети денеска при експлозија на ТНТ во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула.

При експлозијата се предизвикани штети на призмениот кат на трговско-деловниот центар, пред кој бил поставен екплозивот.

Тројца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, додека останати се примени во болницата во Скадар.

Полицијата информира дека меѓу повредените при експлозијата е бизнисменот Кула, кој е сопственик на центарот, како и седуммина случајни минувачи.

Радиотелевизија Црна Гора (РТЦГ) јави дека експлозивот бил поставена на еден мотоцикл во центарот на Скадар, пред комплексот во која се наоѓаат и канцелариите на заедницата на српско-црногорското малцинство во Албанија.

Според РТЦГ, во време на експлозиајта на местото се затекнала и нејзина екипа, при што е повредена една работичка во медиумот. Таа минала со полесни повреди и по укажаната лекарска помош била отпуштена од болница.