(ВИДЕО) Мицкоски за грчка телевизија: Γо очекуваме предлогот за името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за грчката телевизија „Антена“ вели дека неговата партија го очекува предлогот за името, но оти не сакаат да се мешаат за да не влијаат на самиот процес.

Мицкоски нагласува дека има позитивна атмосфера, но не ја знае причината за тоа, бидејќи со доаѓањето на новата влада немаат никакви информации за текот на преговорите.

Во интервјуто за Независен весник пак, Мицкоски рече дека не се запознаени со деталите на преговорите за да може да кажат дали нешто прифаќаат или не.

– Владата го држи процесот нетранспарентен, а ние не сакаме да се доведеме во ситуација да коментираме хипотетички ситуации, особено не за вака важни и чувствителни теми. Нашиот став, поврзан со евентуалната промена на нашиот Устав, а со цел промена на нашето уставно име е јасен и по тоа прашање тој е непроменет. Ги охрабруваме владите на Република Македонија и Република Грција да изнајдат достоинствено решение кое не би го нарушило македонскиот национален идентитет и конечно да се стави крај на ова прашање. Во однос на референдумот веќе имаме искажано став, а дали тој би успеал или не, зависи од многу фактори – рече Мицкоски во интервјуто за Независен весник кое беше објавено на 19 јануари 2018.