(ВИДЕО) Крадци во Хрватска разнеле банкомат со помош на плинска боца

Разбојници со помош на плинска боца разнеле банкомат во Примоштен, Хрватска, но во овој момент не е познато дали или колку пари биле украдени.

Инцидентот се случил во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, а од експлозијата е уништен влезот во продавницата „Томи“, објави Хина. Полицијата добила информации за експлозијата во 1.30 часот.

Минатата година се случи сличен грабеж кога двајца неидентификувани ограбувачи исто така со плинска боца разнесоа банкомат од кој одзедоа повеќе од половина милион куни (околу 67.000 евра).