(Видео) Заедничкиот албум без промоција: Бијонсе и Џеј-Зи во Лувр
САД- Новиот спот на двојката Бијонсе и Џеј Зи за песната „Apes**t“ е снимен во еден од најпознатите светски музеи, парискиот „Лувр“ , а брачната двојка го сподели со фановите за време на нивната заедничка турнеја и по повод објавувањето на заедничкиот албум ексклузивно на Tidal- „ The Carters“.
Двојката пак изненади – албумот беше објавен без претходна најава и промоција.
Бијонсе и Џеј-зи е моментно на турнејата “On The Run II”, a својот сингл “Everything Is Love” го објавија по настапот во Лондон. Новиот албум содржи девет песни, а новиот спот веќе има 2,5 милиони прегледи.