(Видео+фото) Меркел: Нема закана, отворете ги вратите на ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика македонските граѓани на референдумот на 30 септември да ја искористат демократската шанса и да кажат каква иднина сакаат.
„Никој не им се заканува на македонските граѓани со изолација. Тие можат и треба сами да одлучат за иднината на државата. Иднината може да биде членство во НАТО и станување дел од ЕУ, доколку имате успех на референдумот на 30 септември. Но, секако, треба да се каже дека има и одредени предуслови што треба да се исполнат“, рече на прес конференција во Владата на РМ канцеларка Меркел, која е во прва официјлна посета на Македонија.
Меркел јасно укажа дека прашањето на името и прашањето за членство во ЕУ се поврзани.
„Тоа е прашање што не е поврзано со Владата, туку со тоа што сите земји членки треба да се согласат со него. Луѓето на 30 септември имаат можност исто како што направија пред 27 години, да гласаат дали сакат да припаѓат на семејство на ЕУ и НАТО, а тоа бара истовремено прифаќање на Договорот со Грција“, посочи Меркел на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.
Таа излезе со јасна политичка порака – граѓаните да не остануваат дома на 30 септември, зашто тоа е историски ден на кој граѓаните треба да ја искористат шансата да ги отворат вратите на Европската унија.
Премиерот Заев, и искажа добредојде на Меркел, како прв германски канцелар што доаѓа во Македонија и тоа на вака голем ден, како што е Денот на независноста. Притоа, тој се заблагодари и за отворената подршка што Германија, како еден од најголемите поддржувачи на нашата евроаталнтска интеграција, ја дава во своите билатерани и мултилатерални односи.
„Поддршката што ја добиваме е огромна и пријателска во нашите напори да изградиме просперитено европско општество. Токму поради тоа, охрабрени сме да го направиме историсиот исчекор“, рече Заев, додавајќи дека пред Македонија, сепак, останува „домашната работа“, а тоа се забрзување на реформите.
Меркел одговори дека денеска нема да се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, но дека ќе има средба со лидерот на опозицијата, на кого ќе му ги пренесе истите пораки што му ги упати и на премиерот Заев.
Фото: Б.Грданоски
Видео: Независен весник