(ВИДЕО/ФОТО) Македонските новинари на протест: Ако не замолчат нас, ќе дојдат и по вас!

Новинарската фела во земјава денеска излезе на протести пред седиштето на Владата во центарот на Скопје за да му даде подршка на претседалот на ЗНМ, Насер Селмани, но и да изрази незадоволство од пасивноста на институциите да реагираат по навредите и заканите по живот на функционерот на ДУИ, Бекир Асани и неговиот брат Бејтула. Новинарите побараа да бидат оставени да си ја вршат својата задача.

Селмани порача дека не се исплашил ниту кога во Македонија владееше „режимот“ на Никола Груевски, а не се плаши ниту сега кога видни членови на ДУИ му се закануваат. Апелираше да не се дозволи инсталирање на нов „режим“.

„Не прифаќаме добри и лоши момци во Владата“, рече Селмани.

На протестот присуствуваше и министерот Роберт Поповски, според кого, Министерството за внатрешни работи си ја завшрило работата, но оти сега на потег било Основното јвано обвинителство. Тврдеше дека „оваа Влада не е ни приближно иста како минатата“ и оти ни на крај памет не и било да се меша во работата на новинарите.

 

фото:Б.Грданоски

видео:Редакција Независен весник