(ВИДЕО)Инцидент во Солун: „Златна зора“ упадна со транспарент против Македонија

Членови на ултранационалистичката „Златна зора“ упаднаа вечерва во општинската зграда во Солун.

Извикувајќи навреди против Македонија и расфрлувајќи печатени материјали и транспарент „Македонија е грчка“.

Упадот се случи за време на општинска седница попладнево. Меѓу приврзаниците на „Златна зора“ кои влегоа во општинската зграда, двајца се и пратеници во грчкиот парламент.