Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна полјана“


Mакедонскиот писател Венко Андоновски, заедно со уште 34 светски писатели е номиниран за Толстоевата награда за книжевност „Јасна полјана“.

Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.

Од балканските книжевности номиниран е и словенечкиот писател Драго Јанчар. Андоновски е номиниран за руското издание на романот „Папокот на светот“, во превод на Олга Панкина.

Резултатите ќе бидат соопштени во октомври.