Вардар загуби и на четвртиот контролен дуел во Анталија


Фудбалерите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз на исто толку одиграни натпревари за време на подготовките во турското туристичко место Анталија.

Денеска „црвено-црните“ загубија од бугарскиот тим Черно Море од Варна. Конечниот резултат е 2:0 (полувреме 1:0).

Вардарци претходно беа поразени од полски Миеѓ Легница (1:2), Сумгаит од Азербејџан (1:3) и казахстански Иртиш Павлодар (1:2).