Валентин: Просечната температура на Балканот зголемена за еден степен
Валентин за ова зборуваше на предавање што го одржа на Институтот за шумарство и животна средина во Нови Сад, на тема за влијанието на промените во користењето на земјиштето и шумарството во кружењето на јаглеродот во природата.
Тој исто така предупреди дека не станува збор за локален проблем, туку за глобален, поради што порача дека сите земји мора да ги намалат емисиите на јаглен диоксид и останати гасови, кои создаваат ефект на стаклена градина.
Директорот на Институтот за шумарство и животна средина Саша Орловиќ исто така предупреди дека климата значително се менува и дека на нашите простори има изобилство од штетни инсекти, што претставува најголем проблем и предизвик за науката.
– Распространетоста на сите шумски видови се менува секоја година за четири километри на север, бидејќи станува се потопло и затоа добиваме сосема нова ситуација, која што ја немавме претходно. Главниот проблем е што овие инсекти тука немаат природни непријатели и тешки се за истребување. Тоа е голем предизвик за науката, рече Орловиќ.