Бугарскиот претседател ја поздрави ратификацијата на Договорот за добрососедство

Бугарскиот претседател Румен Радев ја поздрави ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од страна на Парламентот во Скопје, соопшти кабинетот на шефот на бугарската држава.

– Договорот, кој е резултат на долгогодишните напори на дипломати и државници, отвора нова европска страница во односите меѓу двете земји. Ратификацијата на документот се случува во момент кога Бугарија претседава со Советот на ЕУ. Тоа има огромно значење за бугарско-македонските односи и дава силен сигнал за позитивниот развој на Балканот, што го приближува регионот кон Европа, имајќи ги предвид приоритетите на бугарското претседателство, се наведува во соопштението.

Претседателот Радев повикува за стриктно исполнување на условите, наведени во договорот, како и за „започнување на сите проекти кои ќе бидат корисни за граѓаните на двата блиски народа“