Бугарската влада го одобри договорот за намалување на роамингот со Македонија


Владата на Република Бугарија го одобри потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, кој беше потпишан на 23 ноември 2017 година во Струмица, за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.

Документот предвидува двете земји да ги поттикнат мобилните оператори да постигнат конкретни договори меѓу себе, кои ќе доведат до трајното намалување на меѓународните тарифи на роаминг-услугите. Во моментов тие се едни од највисоките во Европа – меѓу 94 и 219 денари за минута разговор и околу 780 денар за еден мегабајт интернет.