Бритни Спирс на суд со екссопругот за поголема алиментација


САД– Поп-ѕвездата Бритни Спирс (36) пак ќе се појави на суд со екссопругот Кевин Федерлин (40) од кој се разведе во 2007 година. Кевин Федерлин   бара место досегашните 20 илјади долари алиментација за двете деца кои подеднакво ги делат, 6о илјади. Адвокатот на Спирс изјави дека ѕвездата би се согласила на уште 1о илјади долари повеќе, со оглед дека Федерлин финансиски не учествува во подигањето на децата.

Спирс четири години живееше во Лас Вегас заради шоуто, кое заврши лани. Ѕвездата заработи 135 милиони долари од продажба на влезниците.

Федерлин од претходните врски има уште две деца.