Бојана Скендеровски е бремена со второ дете


Поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, е бремена по вторпат. Ако првата бременост ја криеше, новата, убава вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи објавувајќи фотографија, без да открива дополнителни детали.

Авторката на емисијата „Улица Македонија“ со сопругот Васко веќе ја имаат ќерката Искра која лани во октомври наполни една година.

Во интервју за „Независен весник “ Бојана претходно изјави дека грижата околу бебето ја направило поодговорна и несебична, заборавила на егото и на личните приоритети.

Вели, во првата бременост намерно не се експонирала, сакала тој блажен период да го помине тивко и мирно,и го чувала само за себе и за Васко.

Додека ја носела Искра пробала сѐ што ѝ побарала душата, и за што предходно пред бременоста не ни помислувала, но свесна била дека после породувањето ќе мора многу да се жртвува за да се врати во форма.

-Така и се случи. По само три месеци од породувањето ја започнав хроно исхраната од која ослабев 12 кг за неполни два месеца, ни изјави Бојана.

Какво бебе е Искра?

-Искра е спокојно но истовремено и многу темпераментно бебе,сега е во фаза на гугање и мазење,покажува приврзаност и љубов,питома е,сака луѓе околу неа.

Колку мајчинството ти го смени животот? Што очекуваше а што те изненади?

– Кога една жена ќе стане мајка,од нејзината личност се создава друга димензија,сосема поинаква од предходно,заборавате на его трипот,на своите лични приоритети,и пред вас имате едно мало човеченце од 4 кг кое е комплетно зависно од вашата грижа,е таа димензија од вас ве прави поодговорни,несебични,и погрижливи.Сите непроспиени ноќи и болки во грбот ги заборавате во моментот кога вашето бебе наутро ќе ве погледне со оченцата,и ќе ги подаде рачињата да ве гушне…

Ти помага ли сопругот околу бебето?

-Премногу,и буквално во сѐ,особено во периодов кога морав да ја почнам новата сезона од емисијата „Улица Македонија“.

Ќе и се вратиш ли на музиката?

-На музички план веќе долго време чекам да ми се случи добра песна….. (Л. С.)