Белгиско расипано месо се извезувало кај нас

Белгија затвори главната фабрика за преработка на месо, а супермаркетите ги тргнаа месните производи од нивните полици по скандалот со расипано месо.

Властите ѝ ја одземаа дозволата за работа на компанијата „Вевиба“, откако инспекциите забележале потенцијален здравствен ризик кај два производа: меленото и говедското месо.

Надлежните лица пронашле траги од т.н. месен отпад, парчиња од труп наменети за добиточна храна, кои се забранети за консумирање од страна на луѓе.
Во меѓувреме, вработен од компанијата разговарал со белгиски медиум и објаснил како манипулирал со етикетите на месните производи. На тој начин, компанијата го продолжувала рокот на месото за една година.

Месото за кое станува збор било извезувано во Југоисточна Европа, но не било продавано и на домашниот пазар. Но последиците од скандалот продолжуваат во Белгија, каде што Комитетот за јавно здравје на сојузниот парламент првпат го разгледуваше ова прашање.