Баша: Рама апси деца додека криминалот ја убива Албанија
Тирана – Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша го обвини премиерот Еди Рама дека „апси деца, додека криминалот ја убива Албанија“.
-Кога целата држава и полиција се нафрлени да ги истераат жителите од нивните домови за изградба на нова обиколница во Тирана и да украдат 40 милиони евра за Рама, со албанските градови владее криминалот. Повторно атентат со експлозив и престрелка во Валона, по атентатите и судирите на мафијата што ја зафатија целата земја – Тирана, Скадар, Драч, Елбасан и насекаде. Додека Еди Рама ги апси оние кои се борат да ги заштитат своите домови, криминалот ја убива Албанија, обвини Баша,нарекувајќи го Рама „крадец и лудак“.
Обвинувањата на Баша се однесуваат на повредени и приведени неколку малолетници по насилните протести на 22 овој месец пред албанскиот парламент.
За време на протестите беа повредени десеттина демонстранти и 15 полицски службенци,меѓу нив и 24 годишна полицајка, која при отргнување на каписла фрлена врз неа, од експлозија на истата загуби два прста од раката а има оштетувања и на целата рака и во предлот на главата, поради што од синоќа се наоѓа на лекување во Турција.
Обединетата албанска опозиција, предводена од демократите на Баша, даде целосна поддршка на протестите на жителите од населебата Астир каде над 330 домови ќе бидат урнати заради реализација на проектот за изградба на голема обиколница. Владата вети обештетување на легалзираните објекти додека за другите подмирување на станарина во рок од три години, со што жителите не се согласуваат.