Американски дизајн по француски рецепт: Торти и колачи со потпис на Вера Ванг

САД- Американската топ-дизајнерка Вера Ванг оствари најслатка соработка со францускиот слаткарски бренд „Ладуре“. Колачите со вкус на кокос ќе ги воодушеви идните невести. Линијата на слатки вклучува макаронски со шантили крем со вкус на кокос, торти за свадби со вкус на кокос и манго, мали колачиња и торта од макаронси.

Ванг за „Вог“ откри дека тестирале многу вкусови, но на крај се одлучиле за тропскиот вкус.

На дизајнирањето на слатките им пришла на истиот начин како и на дизајнирање на тоалетите и венчаници. За класична и минималистичка невеста, изработува бела торта, а за посмелите- црна.

Макаронсите се со лимитирана линија, а тортите кои се изложени во Њујорк, ќе се подготвуваат во текот на 2018.