Актерката Рејчел Мекадамс бремена со првото дете


САД- 39-годишната актерка Рејчел Мекадамс е бремена во седмиот месец. Таткото на бебето е сценаристот Џејми Линден, со кого таа е заедно во изминатите две години. Актерката не ја потврди бременоста, но американскиот „Вог“ ја пренесе информација.

Нејзината последна фотографија е од аеродромот во Торонто во ноември, а на црвениот тепих не се појавила од септември минатата година.

Најновиот игран филм со нејзино учество е „Game Night“, чија премиера беше пред неколку дена во Холивуд, но Рејчел МекАдамс не се појави.