Авион принудно слета во Тирана

Авионот на компанјата „Блу Панорама” кој сообраќал на релација Тирана-Анкона бил принуден да слета неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Тирана.

Авионот, во кој имало повеќе од 50 патници, меѓу нив и деца,полетал нормално во 7:00 часот и кога прелетувал во просторот над Драч почнал да испушта црн чад кој се појавил и во пилотската кабина и почнал да се шири во внатрешноста.

Според патниците, настанала паника, по што им било најавено дека се враќаат назад. Авионот направил неколку опасни маневри пред успешно да слета.

– Им благодариме на пилотите, само нивната присебност и искуство не спасија од ужас. Беше страшно, настана паника, децата почнаа да плачат, но ете сè се заврши добро, вели еден од патниците.

Стручни лица вршат контрола на авионот за да се утврди причината.