Џејкоб Зума ќе биде обвинет за корупција
Поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума ќе биде обвинет поради корупцисја во врска со зделка за оружје вредна 30 милијарди ранди (2,5 милијарди долари) од крајот на 90-те години од минатиот век. Тоа го соопшти главниот обвинител Шаун Абрахамс.
– По увидувањето на фактите, сметам дека има основани сомненија за судски процес против Зума по точки наведени во обвинителен акт, изјави Абрахамс. Тој додаде дека поранешниот претседател ги негира сите обиненија против него.
Освен за корупција, против Зума ќе бидат подигнати и обвиненија за ракетирање и перење пари.