Ќерката на турски бизнисмен и уште 7 нејзини другарки загинаа по пад на авион
Сите 11 патници и членови на екипажот загинаа вчера откако приватен авион на турската компанија „Башаран холдинг“ се урна во Иран, изјави директорот на Турската црвена полумесечина Керем Киник.
Тој додаде дека најмалку еден од патниците е член на семејството на бизнисменот Хусеин Башаран.
Турските медиуми јавија дека станува збор за ќерката на бизнисменот, Мина (28) и седум нејзини другарки кои се враќале во Истанбул од забава во Дубаи.
Официјален претставник на турското Министерство за сообраќај изјави дека во авионот биле тројца членови на екипажот.
Иранската државна телевизија ја пренесе изјавата на портпаролот на Агенцијата за вонредни состојби Мојтаб Каледиј, според кој авионот удрил во планина кај Шар е Корда и се запалил. Несреќата се случила на околу 370 километри од Техеран.
Мина Башаран била член на бордот директори на „Башаран холдинг“ и наследничка на компанијата.
По се изгледа како што пренесуваат медиумите од светот девојките се враќале од ОАЕ каде Мина славела моминска вечер и требало да се омажи следниот месец. Судејќи според фотографии на Инстаграм, девојката водела светски начин на живот.