Јовановиќ: Ако Србија не го реши проблемот со Косово, други ќе го решат место неа


Србија во 2018 година мора да излезе со решение за проблемите кои постојат на Косово, а доколку тоа не го стори, ќе го направат други, но без неа, оцени лидерот на српската опозициска Либерална демократска партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ

– Затоа логичен избор е во тој процес да бидеме фактор, наместо набљудувач – изјави Јовановиќ во интервјуто за новосадски „Дневник“.

Според него, Србија мораме да ги редефинира и односите со Москва, на која таа и е последно прибежиште на Балканот по неколкуте последователни порази со кое се намали нејзиното влијание, пред сѐ во Македонија и во Црна Гора.

– Србија остана платформа преку која Русија ја води својата борба со Западот. Изборите во Бих се исто така можност да покажеме степен на одговорност кој се очекува од нас и мораме да ги прекинеме тие специјални врски со (претседателот на Република Српска) Милорад Додик поради зачувување на БиХ како функционална држава – нагласува Јовановиќ.

Тој оценува дека на српската држава и е потребен „нов Устав на модерна Србија“, бидејќи постоечкиот со преамбулата за Косово, претставува „лутање и дезориентираност на оние што го донесоа и на идејата за Србија како за пуст остров изолиран од остатокот на светот“.

На констатацијата дека дел од српските опозициски партии повеќе ја критикуваат ЛДП, отколку власта и дека тој станал „несакана опозиција на опозицијата“, Јовановиќ вели дека не мисли така и дека не би ги поставил така работите.