ЈАР: Заробени 950 рудари под земја поради прекин на струја


Во рудникот за злато „Беатрикс“ во Јужноафриканската република, 950 рудари останаа под земја поради прекин на електрична енергија, соопшти фирмата Сибање-Стилвотер, која е сопственик на рудникот.

Портпаролот на фирмата Џејмс Велстед денеска изјави дека „веројатно“ рударите се живи и здрави.

– Бура ја зафати синоќа покраината Фри Стејт предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија во рудникот, поради што утрово не можевме да ги извлечеме рударите на површина, информира Велстед.

– Уште 950 рудари треба да се извлечат на површина, истакна Велстед и додаде дека засега се спасени 64 рудари.

Преостанатите рудари се наоѓаат на длабочина од 1.000 метри под земја.