Шест жени загинаа при пожар во центар за бездомници во Багдад
Шест жени загинаа денеска при пожар во центар за бездомници во ирачкиот главен град Багдад, соопшти полицијата.
Како што јави ДПА, пожарот избувнал за време на немири во државниот центар за згрижување на бездомни жени во северната багдадска населба Адхамија.
Причините за пожарот, кој набрзо бил совладан, засега не се познати.
– Започната е истрага за расчистување на случајот и за утврдување на причините за пожарот, изјави претставник на ирачката полиција, без да даде повеќе детали за настанот.