Чеченија: Најмалку петмина загинати при пад на хеликоптер


Најмалку пет лица загинаа по уривање на хеликоптер на руските безбедносни сили во Чеченија.

Дел од руските медиуми првично објавија дека во несреќата загинале седум, за подоцна да го намалат брокот на жртвите на петмина.

Хеликоптерската несреќа се случи само еден ден откако во Сирија се урна руски транспортен авион Ан-26 при што загина 39 патници и членови на екипажот. Се претпоставува дека причина за авионската несреќа е технички дефект.