Чехословачката тајна полиција направила досие за Трамп, тврди прашки неделник
– Да, Трамп беше во нашиот фокус на интерес, изјави Властимил Данек, поранешен подрачен шеф на СтБ (државната безбедносна служба) во Готвалдов (денешен Злин), роден град на Ивана Трамп.
– Знаевме дека Трамп е влијателен. Не криеше дека сака да биде претседател. Сакавме повеќе да дознаеме за него, изјави Данек. Во 1978 година СтБ прво отвориле досие за Ивана Зелницкова, а потоа го дополниле со информации за нејзиниот сопруг, објави „Респект“, кои тој напис го направиле заедно со британски „Гардијан“. Во 1977 година Ивана, поранешна скијачка и манекенка која подоцна станала бизнисменка, се омажила за Трамп со кого има три деца – Доналд помладиот, Иванка и Ерика.
Трамп почнал да размислува за претседателска кандидатура во 1986 година, но се откажал бидејќи мислел дека е премлад (41 година).
„Сака да се кандидира како политички независен кандидат. Не е член ниту на Демократската ниту на Републиканската партија, иако и двете го сакаат кај себе“, се вели во досието. – Иако е нереално, Доналд Трамп е сигурен во победа.
СтБ е распуштен во 1990 година.