Челзи Клинтон по трет пат мајка
САД– Челзи Клинтон (38) , ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и на некогашната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, го очекува третото дете со сопругот Марк Мезвински.
Челзи напиша на „Твитер“ дека бебето треба да се роди летово. Таа во 2014 година ја роди ќерката Шарлота, а две години подоцна се роди и нејзиниот син Ејден.
Челзи која беше известувач за „НБС“, сега раководи со Фондацијата „Клинтон“ и „Глобалната иницијатива“ на семејството Клинтон.