Хуманитарци им помагаат на настраданите во поплавите во Кичево


Општинската организација на Црвен крст во Кичево во текoт нa вчерaшниoт ден и денеска додели помош на вкупно 139 семејства погодени од неодамнешните поплави.
Помош за настраданите семејства денеска исто така делеше и Хуманитарната организација „Класје на добрината” во облека, ќебиња и хигиенски сретства, како и пакети со прехранбени продукти.

На терен работи и општинската Комисија за проценка на настанатите штети од неодамнешните поплави кои ги погодија жителите од улица „Прилепска” во Кичево.