„Хуверфоник“ со концерт во Скопје


Белгискиот трип-хоп бенд „Хуверфоник“ на 29 март ќе одржи концерто во Скопје во Македонската филхармонија. Како што соопшти организаторот Авалон продукција, концертот е во рамките на нивната балканска турнеја, а освен во Скопје, концерти ќе имаат и во Загреб, Белград и Софија. сите концерти ги организира Авалон.

„Скопскиот концерт е закажан за 29 март во салата на Македонската филхармонија, која е најадекватна за музиката на овој бенд“, додаваат организаторите.

„Хуверфоник“ e белгиски бенд основан во 1995 година кој има позади себе осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија. Кон средината на ноември минатата година, бендот го објави албумот „Looking for stars“ кој содржи единаесет нумери на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип хопот чија основа преовладува во целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.

Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност за првпат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на еден од најголемите трип-хоп бендови на сите времиња како што се легендарната „Mad about you“, „2 Wicky“, „Eden“, „Winegar and salt“ и уште многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (16.01), а сите информации околу цените на билетите ќе бидат објавени вечерва.