Хороскоп: Што велат ѕвездите за вторник?


ОВЕН:
Убави влијанија од земјените знаци и денес ќе може да се уверите дека постои љубов на прв поглед: како мед и млеко, ќе бидете изненадени прекрасно! Средба од која ќе се чувствувате препородени: старите елементи се будат со нова сила и сурфате на бран од емоции. Ова се пренесува и на работен план и сè се одвива лесно.

БИК:
Ако си дозволите да чекорите по своето темпо и немате преамбициозни планови, ова може да е прекрасен ден пријатели. Запаметете дека никој не е совршен и внимавајте да не ги идеализирате романтичните врски. Убаво е што постои романса, но таа треба да се негува. Дел од денот минете во осамени активности и проучување.

БЛИЗНАЦИ:
Марс и Уран во Овен укажуваат на страсни средби од најнеочекуван вид: дури и навидум невините средби може да се претворат во шумски оган и тоа ќе го одбележи овој ден. Споделете ја среќата со останатите, раскажувајќи ги вжештено овие моменти. На работен план поработете на комуникацијата и отворете дијалог.

РАК:
Благодарение на Сонцето во Водолија и Месечината во Бик, денес зрачите со жешка енергија и постои голема страст во вашите љубовни врски. Сакате да го привлечете вниманието на некоја креативна дама, без која не можете повеќе да дишете. Обидете се да не ја гушите со посесивност и имајте такт. Напредувате во работата.

ЛАВ:
Планетите во Јарец посочуваат дека би можеле да се соочите со тешка одлука: сега сте на нов терен и тој ви е сосема непознат. Наместо да се осамувате, подобро ќе биде да побарате совет, бидејќи ќе имате среќа и да го најдете. Така ќе направите вистински решенија. Ситуацијата е динамична и тоа ви годи. Без дилеми сега!

ДЕВИЦА:
Убави аспекти од земјените знаци и вие сте на седмото небо: нов сјај во романтичниот живот, полн со нежност, искреност и лично исполнување. Сакате и вас ве сакаат, затоа користете ги овие привилегирани моменти. Ќе ви останат убави сеќавања во некоја ноќ без сон. Еуфорија на работното место и се чини дека сè е можно! Идеи.

ВАГА:
Неверојатна енергија пријатели, вашиот романтичен живот е жежок и не само тоа, туку е пожежок и најжежок! Тоа значи силен интензитет во блиските врски: не можете да помислите да се одвоите од саканите ниту за една секунда. Не очекувајте инстант решенија, но продолжете со освојувањата. Планетите во Овен ви даваат храброст.

СКОРПИЈА:
Со Месечината во Бик ќе треба да ги покажете своите квалитети во јавноста: нема потреба за недоверба и несигурност. Добро е да работите во тандем, но внимавајте на променливите расположенија. Ако треба, вткајте ја својата тага во некој креативен проект и на крај на денот ќе бидете задоволни од себе. Соништа, интуиција и визија.

СТРЕЛЕЦ:
Романтичните врски добиваат на зрелост и сега нема потреба да се напрегнувате премногу, работите доаѓаат сами кон вас. Покажете ја својата љубов нудејќи совет и друштво, креирајќи атмосфера на доверба. Венера во Јарец ја покажува вашата компетентност и напредувате користејќи ги дипломатските вештини.

ЈАРЕЦ:

Мрзеливата Месечина во Бик не ѝ одговара на вашата амбициозна природа и можно е да имате тешкотија да преземете некаква иницијатива. Останете со ладна глава сега. Без песимизам и дилеми. Во вас постои креативна енергија со која што може да дојдете до солуции и да ги надминете професионалните проблеми. Трпение.

ВОДОЛИЈА:
Денес е добро да се повлечете дома и да размислите како да ги смирите нервозите и проблемите на најблиските. Можеби на некој од нив му е потребна помош и сега нема место за отфрлање. Направете мал напор. Имајте верба. На професионален план може да се соочите со неодговорност од страна на колегите. Почекајте.

РИБИ:
Романтични и нежни, ќе најдете начин да уживате во неколку љубовни изненадувања: прашајте се дали сте спремни за овој чекор? Работите не се доволно јасни, но не обрнувајте внимание на тоа. Вложете малку напор и ентузијазам и ќе добиете неочекувано добри вести. Напредувате на работен план. Среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]