Харадинај на есен очекува визна либерлизација за Косово


Утрешниот Ден на Европа – 9 мај, ќе биде последен кои граѓаните на Косово ќе го одбележат без визна либерализација, изјави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

– Некаде на есен ќе патуваме слободно. Нема никаква дилема дека ова ќе биде последен 9 мај без слободно движење. Очекуваме Европската заедница во период од четири недели да соопшти дека Косово ги исполнило сите свои обврски за визна либерализација, изјави Харадинај по денешната седница на косовската Влада.

Тој посочи дека Косово нема веднаш да добие визна либерализација, затоа што треба да одговори и на барањата на другите држави, потврдувајќи им дека ги исполнило условите.