Хан: Оваа година ќе биде клучна за државите од Западен Балкан
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан нагласи денеска дека оваа година ќе биде клучна за државите од Западен Балкан. Тој на Твитер објави дека минатата година била полна со предизвици.
– Да бидеме горди на заедничките достигнување, да ги засилиме напорите во полиња каде прогресот треба допрва да биде остварен, наведе Хан.
Според него, 2018 година ќе биде клучна за Западен Балкан и можност за уште поблиска соработка со сите партнери во заедничките предизвици.
– На сите партнери, политичари и граѓани им посакувам мирна и среќна Нова година. Да ја обликуваме иднината заедно за нашата младина, наведе Хан.