Тенис: Франција на триумф до титулата во Дејвис купот


Тениската селекција на Франција ја дели само уште една победа во дуелот против Белгија за титулата во Дејвис купот.

Французите во финалето на ова натпреварување поведоа со 2:1, откако попладнево Ришар Гаске и Пјер Ербер го добија мечот против белгиската комбинација Рубен Бемелманс и Јорис де Лор со 3:1 во сетови.

Првата шанса за трофеј, Французите ќе ја имаат утре во мечот во кој Жо-Вилфред Цонга за противник ќе го има Давид Гофин.

Доколку Гофан успее да го добие тој меч, тогаш за победникот ќе решаваат Лук Пуј и Стив Дарсис во последната пресметка.

Финалето на Дејвис купот се игра на стадионот „Пјер Моро“ во Лил, кој има капацитет над 25.000 гледачи