(Фото) Харбин: Најголем светски фестивал од снег и мраз
Кина- Во Харбин, најстудениот град во Кина е отворен е најголемиот светски фестивал од снег и мраз. 16 екипи од 12 земји ги претставија своите дела.
Харбин е украсен и со 2019 снешковци, а највисокиот снешко има 20 метри и 19 центиметри.
Вкупно за фестивалот се искористени 110.000 кубици мраз и 120.000 кубици снег. Харбин е еден од најстудените кинески градови, а температурите можат да се спуштат до -35 степени Целзиусови.
Градот, кој се наоѓа на североистокот на Кина, поради острата клима секоја година е домаќин на уметниците кои се натпреваруваат во изработка на бајковити скулптури од мраз – од сфинги и пирамиди до импозантни коњи и дворци.